Ништо од ветеното зголемувања на платите за медицинскиот персонал. Министерството за финансии се уште нема дадено зелено светло за зголемување на платите на здравствените работници од април. Сојузот на синдикати и Синдикатот на клиничките центри, се заканија дека ќе ја бојкотираат работата, ако власта остане глува на нивните барања, пишува Алсат.

Синдикалците се лути на енормното зголемување на платите на функционерите.

Здравствените работници бараат зголемување на платите од 3.000 денари за медицинските сестри, и другиот здравствен персонал и 2.000 денари за лекарите. Ова зголемување на буџетот за една година ќе чини околу 8 милиони евра, додека зголемувањето на платите на функционерите од буџетот ќе чини над 15 милиони евра годишно.