Контроверзниот хрватски бизнисмен Здравко Мамиќ, кој е во бегство од правосудниот ситем во Хрватска и живее во Босна и Херцеговина, објави дека се збогува од фудбалот.
„Динамо е минато, никогаш повеќе нема да бидам вклучен и да работам во клубот. Нема повеќе да се занимавам, не со Динамо, туку со фудбалот воопшто. Ќе бидам само обичен навивач. Јас сум во есента на мојот живот, смртта на Ќиро ме потресе најмногу во животот. Некои работи што не ги разбирав баш до сега, по смртта на Ќиро, мислам дека сега ги разбрав и моето збогување со фудбалот е конечно“, изјави Мамиќ.
Во претходниот период тој водеше борба за превласт во Динамо, но се чини дека ја загуби битката./Makfax/
Десетте најголеми трансфери на Здравко Мамиќ:
- Марко Пјаца (Јувентус) 29,4 милиони евра
- Дани Олмо (Лајпциг) 29
- Лука Модриќ (Тотенхем) 22,5
- Јошко Гвардиол (Лајпциг) 18.8
- Филип Бенковиќ (Лестер) 14,5
- Марко Рог (Наполи) 13.57
- Едуардо (Арсенал) 13,5
- Ведран Чорлука (М. Сити) 13
- Ловро Мајер (Рен) 12
- Матео Ковачиќ (Интер) 11
- Дарио Шимиќ (Интер) 11