Хулиганот кој влета во теренот на мечот меѓу ПСВ Ајндховен и Севилја и го нападна српскиот голман Марко Дмитровиќ, е осуден на тримесечна затворска казна, од кои еден месец условно.
Дваесетгодишниот маж од Рурмонд доби пресуда од судот во Ден Бош за големиот индидент. Покрај тоа, тој доби и двегодишна забрана за доближување до стадионот на ПСВ Ајндховен. Хулиганот се обиде да се оправда дека не бил свесен за постапката, со оглед дека тој ден испил премногу пиво.
Одлуката на судот е образложена дека „постапката на осомничениот немала врска со фудбал или љубов кон неговиот клуб“/Makfax/