Во напад со беспилотно летало на аеродром во руската област Курск бил запален резервоар за складирање нафта, изјавил утрово локалниот гувернер, пренесува Гардијан.
Според информациите во нападот нема жртви, а пожарот е локализиран.
„Сите служби за итни случаи работат на локацијата“, изјавил на „Телеграм“, гувернерот на регионот, Роман Старовојт.
Британскиот весник успеал да ги потврди извештаите за нападот на аердромот, во регионот кој се граничи со Украина.
Минатата недела Старовојт рече дека украинските сили извршиле напад на електрана во регионот регионот, предизвикувајќи одредени прекини на електричната енергија.