Јетмир Садику е еден од многуте неврохирурзи кои работат во Германија. Ја напуштил земјава барајќи подобри услови за работа и живот. Тој е неврохирург во Универзитетскиот клинички центар  Хелиос. Дипломирал на Медицинскипот факултет при УКИМ во Скопје. Работел неколку години во Кичево, а од 2015-та работи како лекар во Германија каде и специјализирал, објави ТВ21.

„Ќе одвојам две од главните причини поради кои заминав: прво несоодветното организирање на програмите за специјализација од страна на Република Македонија во соработка со Медицински факултет, кои се делат на државни и со самофинансирање. Се знае дека државните специјализации ги добиваат кандидатите кои имаат врски со дневните политики, лични или семејни врски и втората група се тие со самофинансирање.  Втората причина се малите плати кои до 2017-2018 беа премногу ниски“, посочи Јетмир Садику.

782 лекари заминале на работа во странство изминативе пет години од нашата земја. 120 медицински сестри и петорица лаборанти заминале само од Клинички центар за три години. Од податоците добиени според лиценците за работа во странство, можеме да заклучиме дека бројот на лекари кои заминале од Македонија се намалил за време на пандемијата.

Повеќе на ТВ21.