Капиталните инвестиции за оваа година ќе бидат со реализација од над 80 отсто, уверува премиерот Зоран Заев. Иако за првите пет месеци реализацијата е едвај 22 отсто, според Заев, владините анализи покажале дека реализацијата на ветените инвестиции ќе биде успешна. Со ребалансот на буџетот кој е во собраниска процедура, Владата ги зголеми капиталните за 27 проценти или за 107 милиони евра пари наменети за капитални расходи.
Advertisements
„Очекуваме да биде над 80 проценти реализацијата на капиталните инвестиции за оваа година на крајот на годината, но вака таргетирани секогаш останува предизвикот имотно – правните работи и административните постапки. Администрацијата секој година учи како флексбилно да ги надминува овие проблеми и затоа се поставиме амбициозно односно имаме 6,5 милијарди евра повеќе“, рече Заев.