Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши денеска во Клубот на пратениците ќе ја потпишат програмата за заедничко дејствување и приклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство. Се очекува Заев и Гаши да кажат и кои ресори ќе ги преземе Алтернатива.

Одлуката за влегување на Алтернатива во владината коалиција беше донесена синоќа во Тетово на седница на Цантралниот совет, највисокото тело на партијата.

Партискиот лидер Африм Гаши на седницата информирал за текот на досегашните преговори со Заев и програмските точки кои се договорени, како и за преземените обврски.

Причина за влегување на Алтернатива во Владата, како што наведе партискиот портпарол Орхан Муртезани, е историскиот момент за отворање на преговорите за членство во ЕУ и затворање на спорот со Бугарија како цели на државата, но и на Албанците затоа што со тоа ќе се отвори патот за евроинтеграција на целиот регион.