Ова се седум мали трикови за слабеење кои носат големи резултати.
Пронајдете поддршка – Без оглед на тоа дали тоа ќе биде меѓу вашите пријатели или пак онлајн, потрудете се да си изградите своја група, односно мини заедница со која ќе си давате поддршка и ќе споделувате совети во однос на слабеењето.
Размислувајте позитивно – Ако се посветите на позитивните работи, успехот ќе дојде многу полесно. Дури и да каснете нешто што може да ве здебели, не се префрлајте веднаш на таква храна. Сфатете дека сте направиле мала грешка, а потоа вратете се на старо.
Пијте вода – Пиењето вода е клучно кога сте на диета. Таа помага за хидратација на телото, исфрлање на токсините и го намалува апетитот.
Не јадете од навика, јадете кога тоа желудникот ви го бара – Изненадувачки е колку често јадеме од навика или поради нервоза или досада. Исто така, треба да знаете дека ако ви е потребна одредена храна, тоа е желба, а не глад. Научете да направите разлика меѓу едното и другото.
Помирисајте банана, јаболко или нане – Доколку помирисате банана или јаболко, или пак нане, тоа го намалува апетитот. Научниците истакнуваат дека е тоа поради тоа што нашиот мозок добива сигнал дека сме ги изеле тие состојки.
Избегнувајте го лифтот, користете ги скалите – Користете ги скалите секогаш кога можете, одете пешки или со велосипед на работа, потрудете се да бидете активни. Тоа не само што ќе ви помогне да ги намалите килограмите, туку и ќе ви го подобри расположението.
Избегнувајте преработена храна – Избирајте намирници кои содржат свежи состојки, гответе сами или јадете свежо овошје и зеленчук.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.