Наталија Брајант, најстарата ќерка на покојната кошаркарска ѕвезда Коби Брајант, дебитираше на модната ревија на Victo ia’s Sec et и ги воодушеви сите со својот изглед.

[embedded co te t]

Наталија Брајант конечно го оствари својот сон од детството. Таа прошета по пистата за познатиот бренд за долна облека Victo ia’s Sec et и остави силен впечаток со својот изглед.

Таа се појави облечена во црн градник, розов кардиган и фармерки украсени со кристали. Комбинацијата на 23-годишната девојка силно потсетуваше на модата од 2000-тите, со јасен акцент на младешка естетика и колоритни парчиња облека.

Својот изглед го заокружи со софистицирана фризура, едноставна шминка и впечатливи, големи обетки.

Пред почетокот на ревијата, Наталија изјави за магазинот Page Six дека е „пресреќна што учествува“. Таа додаде дека уште од мала секоја година ја следела модната ревија на Victo ia’s Sec et и дека посветено се подготвувала за овој голем спектакл.