На седми март беше одржано доделувањето на наградите „Critics Choice“, кое, како и другите доделувања, изгледаше сосема поинаку од вообичаеното поради пандемијата на коронавирусот.

Меѓу добитниците се најде и Зендаја, на која и беше врачено признанието „SeeHer“. Тоа им се доделува на жените кои ги поместуваат граници, кои се борат против стереотипите и ја препознаваат важноста на автентичните женски ликови во индустријата за забава.

„Поради се што ни се случи претходната година, во мојата глава е само еден збор: Благодарност. За малите и големи работи“, започна Зендаја.

24-годишната актерка апелираше до јавноста да ги чува своите драги лица „малку поблиску до себе“.

„Овде не би била без жените кои ми го осветлија патот. Не сакам премногу да го користам овој збор, но бескрано сум благодарна за наградата“, истакна таа.