Ракометната Федерација на Македонија, ги одреди премиите за ракометарите за пласман во следната фаза од Мундијалот во Полска и Шведска. Максималната премија која ракометарите можат да ја добијат е 60.000 евра, а истата ќе ја поделат доколку групната фаза ја завршат со три победи.
За две победи и заверување пласман во главната рунда ќе бидат наградени со 45.000 евра, а една победа и пласман во главната рунда ќе им донесат 30.000 евра.
Македонските ракометари за Краков патуваат утре, а веќе следниот ден, на 13. јануари, го играат првиот меч против селекцијата на Норвешка./Makfax/