Во интерес на БАРАЊАТА на голем рој на студенти од МАКЕДОНИЈА , КОУЗОН ќе организира две online презентации за летна студентска работа во Германија и Америка.

„Во четврток на 20 Јануари, од 16.00 часот – организираме онлине презентација за летна студентска раота во Германија. Исто така во четврток 20 Јануари , од 17.00 часот – организираме online презентација за летна студентска работа во Америка.
И двете презентации имаат една ЦЕЛ – информирање на студентите за работните понуди што ги имаме за нив, постапката за аплицирање и термините до кои секој од нив ќе може да поднесе апликација за ЛЕТНА СТУДЕНТСКА РАБОТА.

КОУЗОН СТУДЕНТСКИ СЕРВИС – Македонија и годинава ги има најдобрите работни понуди за Америка и Германија. За учество на online презентацијата, треба да ни испратите е-маил со Ваши податоци на [email protected]. Во е-маилот напишете за која програма сакате да учествувате ( Америка или Германија ). Ако имате некои прашања , Ве молиме да ни ги испратите на е-маил“, се вели во соопштението на КОUZON STUDENT SERVICE – Macedonia.