Претседателот на Европски Совет (ЕС), Шарл Мишел ќе биде во самоизолација поради превенција, изјави портпаролот на Европска Унија (ЕУ). Тој имаше средба со францускиот претседател Емануел Макрон, кој е позитивен на Ковид-19.
Портпаролот на ЕУ наведе дека Мишел редовно се тестира, а на тестот од вторникот бил негативен. Претходно и шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека ќе биде во самоизолација до 24 декември поради средбата со Макрон.