Денес на пазарот постојат безброј видови брашно од разни билки, но оние без глутен добиваат сè поголема популарност, затоа што се погодни за исхрана на луѓето нетолерантни на глутен.

Пред да дојде до нашите трпези, брашното поминува низ различни технолошки процеси на производство, при што од обичните зрна или овошки, се добива финалниот производ. Зависно од конзистенцијата при производство, брашната се делат на фино, полуостро и остро. Тие имаат и различна намена: финото се користи за палачинки, десерти и згуснување супи, полуострото за тесто со квасец или за пандишпан, додека острото за кнедли, макарони и нудли.

Но, покрај добро познатите пченкарно, пченично, овесно, спелтино брашно, денес постојат и други видови што се користат во исхраната.

Кокосово брашно

Тоа се прави од месестиот дел на кокосовиот орев, кој се суши и се меле. Добиениот прав по изглед личи на обичното брашно, но има многу пријатна арома и вкус. Кокосовото брашно е многу побогато со протеини, во споредба со другите брашна. Исто така содржи влакна и масти и мал процент јаглехидрати, додека глутен нема. Кокосовото брашно помага во борбата со вишокот на килограми. Можете да го користите при изработка на печива, но да знаете дека има помала густина, па треба да користите згуснувачи за да биде добар рецептот.

Брашно од хелда

Хелдата е дел од производите познати како псевдожитарки, семиња што се користат како житарки, но не растат како трева. Хелдата содржи голема количина минерали и антиоксиданси и има низок гликемиски индекс, што го подобрува нивото на шеќер во крвта. Затоа ова брашно можат да го консумираат и дијабетичари. Содржината на материи како рутин, магнезиум, бакар, влакна и протеини помагаат во здравјето на срцето.

Брашно од банана

Овој вид брашно малку е познат кај нас, но е добар за луѓе алергични на глутен. Се прави од зелени банани и има вкус на свежа банана. Но, кога ќе помине низ процес на термичка обработка, го губи својот вкус. Брашното од банана е богато со пробиотички влакна што се важни за здравјето на цревата и го подобруваат варењето. Ова брашно е добар извор на калиум, кој го помага здравјето на срцето, го забрзува метаболизмот и ја зголемува силата во мускулите. Во брашното од банана има висок процент скроб, што им помага на дијабетичарите да го одржуваат нивото на шеќер во крвта. Може да се користи како замена за пченично и бело брашно.

Бадемово брашно

Ова брашно се прави од бланширани и мелени бадеми. Поради лесната подготовка можете и дома да си го направите. Бадемите се попаруваат во врела вода, се лупат, се сушат од водата и се мелат во брашно. Содржи многу здрави масти и протеини, како и витамин Е, кој е познат антиоксидант. Го намалува холестеролот и нивото на шеќер во крвта. Совршено е како замена на пченично брашно при подготовка на торти, палачинки и други десерти.

Брашно од јаболка

Јаболката имаат низок гликемиски индекс. Во нив се содржат 12-15% јаглехидрати – пектин, целулоза, гликоза и фруктоза. За да се направи, се користат зрели плодови што се сушат на сонце, па се мелат додека се добие фино брашно. Има малку киселкаст вкус и овошна арома и им дава карактеристична кафеава боја на јадењата правени со него. Може да се комбинира со други