Пејачката и претседателка на здружението „Дајте ни крилја“ Ребека Јанковска – Ристески, на својот профил на Фејсбук објави емотивен статус со потресна исповед.
Во емотивната исповед, Ребека откри со што се соочила пред 10 години, кога, како што наведува, ја имала најтешката ноќ во животот, во која за малку ќе го загубела синот Маркијан.
Маркијан имал епилептичен напад, но, за среќа, по таа страотна епизода, никогаш повеќе не му се случило тоа.
Ребека наведува во објавата дека е вечно благодарна на Господ и Свети Лазар што Маркијан се разбудил од епи нападот.
Маркијан е најстарото дете на Ребека и нејзиниот сопруг Милан Ристески. Двојката ги има и близнаците Макариј и Доротеј.
Емотивниот статус ви го пренесуваме во целост:
Денот започна како и сите претходни денови. Дали ќе помине денот без ниту еден епи напад?! Некој вирус се беше вгнездил…
Posted by Rebeka Jankovska Risteski on Saturday, April 24, 2021