Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски тврди дека новиот Закон за легализација на дивоградбите не го нарушува приниципот на владеење на правото затоа што такви примери има и во други земји во развој, со кој се решава голем број на имоти за кои граѓаните потоа ќе плаќаат данок кон државата.

„Вака имотот постои, веќе е изграден, а не е евиднентиран и граѓаните не плаќаат ништо“, вели министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во интервју за zoom.mk додавајќи дека тој ќе им овозможи кров над глава на граѓаните, а тие што изградиле поголеми објекти, ќе платаат 150 посто комуналии од редовната постапка, а  200 посто ако граделе за некаков луксуз.

„Од овој апсепкт сакаме да ги казниме овие што граделе нелегално, не да ги наградиме како што беше претходниот закон, едно евро за метар квадратен, а во скопје имате 100 евра за метар квадратен комуналии или за другите градови 50-60 евра за метар квадратен“, тврди Бочварски.

Тој смета дека предложениот закон, кој наскоро ќе влезе во владина процедура, ќе ги одврати луѓето да градат надиво, туку да одат по редовни постапки затоа што ќе се платат пенали.