Менаџерот на Челзи, Томас Тухел изјави дека пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите е голем успех за неговиот тим и дека ќе ужива во дуелот помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид.

Лондонскиот тим го елиминираше Порто во четвртфиналето, и го чека подобриот играч од дуелот помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул. „Кралскиот клуб“ славеше со 3:1 на првиот натпревар против „црвените“.

„Немам фаворит. Генерално, претпочитам да играм против тим кој е од друга лига, бидејќи тогаш имам чувство дека ова е европско натпреварување“, рече Тухел.

„Ќе бидам среќен да го гледам тој натпревар. Остваривме голем успех со пласман во полуфиналето, сега го чекаме ривалот. Сè е можно на тој дуел, Ливерпул игра одлично на домашен терен и сè уште не е готово.“

Дуелот на „Енфилд“ е закажан за вечерва во 21 часот.

Кој ќе игра против Челси, Реал или Ливерпул?