За дел од македонското брашно косовските гранични рампи и натаму ќе останат затворени. Анализите од трета стандардизирана лабораторија ќе одлучат дали брашното кое е вратено ги исполнува условите за да се биде пласирано на косовскиот пазар. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека спорни се неколку количини на одредени мелничари и дека набрзо ќе најде решение за брашното да биде извезено.

Advertisements

„Во моментов согласно анализите што се прават е забранет тој вид на брашно кој не ги покажува соодветните резултати согласно анализите кои се прават од косовската страна. Затоа ние утринава побаравме од увозникот, а зошто не и производителот да побара да се направи суперанализа согласно постапките  кои се следат за извоз и увоз за вакви производи. Ова прашање ќе го покренеме во склоп на секретаријатот на ЦЕФТА. “

Косовските власти речиси еден месец не прифаќаат околу 300 тони брашно откако анализите направени од нивната лабораторија утврдиле дека железото и фолната киселина од земните мостри е под вредностите пропишани во правилникот. Но, мелничарите тврдат дека и од македонската лабораторија во АХВ се направени анализи каде резултатите покажале дека нивото на железо и фолна киселина се според правилата кои ги бара Косово. Според податоците, во 2019 година на косовскиот пазар биле извезени над осум илјади тони брашно, додека лани, поради пандемијата, извозот на брашното се преполовил.

Andrea Çobanova

Прикажи повеќе