Славниот режисер Вуди Ален го даде своето прво интервју за „CBS News“ по неколку години пауза, па оваа голема прилика ја искористи за повторно да го негира сексуалното злоставување на ќерката Дилан.

Акцентот е ставен на тешките обвинувања за сексуално злоставување со кои славниот филмаџија се соочува речиси три децении. Разговорот е снимен летоска, но објавен е дури сега како реакција на документарниот серијал „Allen v. Farrow”.

Ален во интервјуто говори дека обвинувањата за сексуалното злоставување не се засновани на вистински факти, и дека нив ги измислила мајката на Дилан, Миа, бидејќи била лута поради раскинувањето на нивната долгогодишна љубовна врска.

Да се потсетиме, Ален и Миа Фароу се разведоа во 1992 година откако таа откри дека тој ја изневерува со посвоената ќерка Сун Ји. Ален пет години подоцна се ожени со неа.

„Тоа е апсурдно, но поради сето тоа на мојата кариера сепак остана една голема дамка. Никогаш не сум ја злоставувал Дилан. Ништо што некогаш сум го направил не може да се протоклува на таков начин“, изјави Ален.

Тој додаде како еден од доказите дека тој не е педофил е фактот дека неговата моментална сопруга по нивната венчавка посвоила две девојчиња кои тие ги одгледааа заедно.

„Никој не би му дал две девојчиња на еден педофил. Јас тоа не сум“, изјави Ален.