Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во Њујорк изјави дека Србија го поддржува територијалниот интегритет на сите членки на Обединетите нации, вклучително и територијалниот интегритет на Украина. Во својот говор на Генералната дебата на почетокот на Годишното заседание на Генералното собрание на ОН, Вучиќ рече дека Србија во овој поглед „се однесувала одговорно и сериозно“. Тој додаде дека „досега не слушнал рационален одговор на прашањето која е разликата меѓу суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и Србија, кој е грубо нарушен“.
„Србија не стапна на туѓа територија, ниту го загрози територијалниот интегритет на која било земја за да интервенира против неа. Тоа не ги спречи 19-те најбогати земји на НАТО да нападнат суверена земја без одлука на ОН“ во 1999 година“, потсети Вучиќ. Тој додаде дека Србија „трпеливо и со многу добро ќе продолжи да бара компромис“ со Косово во преговорите под покровителство на Европската унија. „Компромисот е единствениот начин да се постигне траен мир. Ние веќе ги исцрпивме сите други опции и не размислуваме да се вратиме на патеките на војната и крвопролевање“, рече Вучиќ.