Италија со денешните 318 починати од кроонавирусот го надмина прагот од 100.000 жртви на ковид-19, една година откако изби заразата, објави денеска Министерството за здравство.

Вкупно во Италија досега починаа 100.103 луѓе, а најзафатените региони се Ломпардија со близу 30.000 починати, Емилија-Ромања со близу 11.000 и Пиемонт и Венето со близу 10.000 жртви.

– Овие денови се наоѓаме пред ново влошување на здравствената криза. Секој мора да направи сè што може за да се ограничи ширењето на вирусот. Но, пред сè мора Владата да ја одработи својата работа – изјави премиерот Марио Драги.

– Пандемијата не ја победивме, но со забрзано вакцинирање можеме да го најдеме исходот кој не е далеку – додаде тој.

Досега во Италија се дадени 5,4 милиони дози вакцина, но само 1.6 милиони примија две дози.

Во моментот, во 10 региони е прогласена портокалова зона, шест се жолти, три црвени и една, Сардинија, бела.