Претседателот на Општинската изборна комисија во Стуга Минир Жута денеска им ги врачи уверенијата на 27-те советници и новиот мандат на градоначалникот Рамиз Мерко.

На церемонијата, Мерко им се заблагодари на сите граѓани на општина Струга, за поддршката и зрелоста што ја покажаа за мирни, фер и демократски избори.

– Нашата земја прави огромен напредок кон демократијата и развојот. Продолжуваме со раководството на Oпштината, како што ни личи, за владеење, каде граѓаните се на прво место и секој од вас добива внимание, а градот се менува и напредува во секоја сфера, рече Мерко.

Според него, власта не им припаѓа на раководителите и владетелите, туку на граѓаните, затоа сите вработени треба да бидат уште поефикасни и покомуникативни со граѓаните.

Советот на Општина Струга ќе го сочинуваат 10 претставници од ДУИ, седум од Алијанса на Албанците и Алтернатива, пет од ВМРО – ДПМНЕ, четворица од СДСМ и еден од движењето БЕСА.

Конститутивна седница, се очекува идната недела.