Возач на градски автобус сними видео која ја објави на социјалните мрежи со порака за директорот на ЈСП. Бара да биде вратен како шофер на некоја од линиите, а не да ја работи сегашната работа, како паркирач на автобуси каде што е распределен.

-Почитуван директоре на ЈСП, нека види цела македонската јавност каков директор си т. Јас сум возач со 15 годисно работно искуство, ме тераш да работам како паркирач за мизерни 20 илјади денари,  јас што автобусот го возам со затворени очи, а некои деца што пред неколку месеци положиле што немаат ни ден работно искуство им даваш да возат луѓе низ градов. Значи свесно во смрт ги пракате граганите.  Има линии како 53 ,25 кај што не смее да се згреши, една грешка и се оди право во смрт. За тоа ве замолувам да ми се овозможи да возам на линија и најпрофесионално да си ја извршувам работата, вели возачот.