Според полициски извори, напаѓачот пукал со огнено оружје и бодел деца и возрасни. Потоа побегнал од местото, пренесува Би-Би-Си. Мотивот за нападот е нејасен.
Странски медиуми, повикувајчи се на извори од Тајланд, пренесуваат дека полицаецот неодамна бил отпуштен од работа.
Полицијата вели дека тој последен пат бил виден како вози пик-ап „Тојота“ со бели четири врати со регистерски таблички од Бангкок.
Потрагата по напаѓачот е во тек.