Водителката на популарното кулинарско шоу „Брза кујна“, Александра Илиевска со својот сопруг Александар го очекуваат своето прво дете.

Поради нејзината состојба, таа моментално е оправдано отсутна од емисијата и ужива во последните денови од бременоста.

Instagram
Instagram

Иако во последно време не можеме да ја видиме на тв – екраните, Александра на својот инстаграм – профил честопати споделува моменти од својот приватен живот.

Дека бременоста и паузата од работните обврски навистина ѝ годат, зборува секоја нејзина објава на социјалните мрежи. Водителката едноставно изгледа поубаво од кога било.

Instagram
Instagram

Така, деновиве објави фотографија на која позираше во стилска, црно сива комбинација, со високи црни чизми и здолниште, честитајќи им ја новата година на своите пријатели и обожаватели.

Нека Новата година нè благослови со здравје, богатство и среќа. На здравје за одлична година“, посака таа.

Instagram
Instagram