Манчестер Јунајтед веќе размислува за идниот трансфер период, во кој сигурно главна трансфер цел ќе биде фудбалерот на Вест Хем, Деклан Рајс.

Ова лето Јунајтед ги доведе Санчо, Варан и Кристијано Роналдо, но тимот на Солскјер се уште не игра течно и убедливо, па ќе мора во следните 1-2 трансфер периоди дополнително да ја засилат екипата.

По се изгледа дека фокусот на „Олд Трафорд“ е ставен на фудбалерот од Лондон, Деклан Рајс, за кој Вест Хем ќе бара 60 милиони фунти.

Тој е споменуван како замена во средината за Немања Матиќ, кој веќе од поодамна не е во својата врвна форма, па Јунајтед ќе ја проветри својата екипа.

Со оглед на тоа дека и Рајс е англиски репрезентативец, во Манчестер се надеваат дека екипата со Рашфорд, Санчо, Гринвуд, Лингард и доколку го донесат Рајс, ќе биде далеку по воиграна.