Турскиот парламент усвои закон со наводна цел да се бори против лажните вести и дезинформациите, а критикуваниот член 29 предвидува затворска казна за ширење дезинформации. Најконтроверзната одредба, членот 29, предвидува казна затвор до три години за ширење информации кои се „спротивни на вистината“ за безбедноста, јавниот ред и здравје на Турција и кои наводно имаат за цел да предизвикаат загриженост и паника кај јавноста. Опозицијата смета дека законот има за цел да ги замолчи критичарите на владата пред претседателските и парламентарните избори закажани за јуни. Критичарите предупредуваат дека корисниците на социјалните мрежи може да бидат притворени доколку споделат содржина за која владата смета дека е лажна.

Прикажи повеќе