Бројот на пациенти со коронавирус во светот надмина 181 милиони, покажуваат денешните податоци на веб-страницата „Ворлдометерс“.

Advertisements

Повеќе од 3,95 милиони пациенти починале, а 165,6 милиони луѓе официјално се опоравиле од коронавирусот.

Во светот има 11 450 107 активни случаи, а 11 369 406 (99,3 проценти) луѓе имаат лесна или умерена форма на болеста, додека 80 701 лице (0,7 проценти) се во сериозна состојба.

Од почетокот на пандемијата, во САД има најмногу заразени – 34,4 милиони, потоа во Индија 30,1 и Бразил 18,3 милиони.

Најмногу жртви имаат Соединетите држави – 618 957, потоа Бразил со 511 142 и Индија со 394 524.

Прикажи повеќе