Повеќе од две милијарди дози вакцина против коронавирус се дадени во светот за шест месеци од почетокот на масовната вакцинација.

Се проценува дека денес во светот има 7,8 милијарди луѓе.

Точно 2.109.696.022 дози вакцини се дадени во 215 земји и територии. Речиси 60 проценти од сите вакцини во светот биле дадени во само три земји: Кина, САД и Индија.

Во Европската унија се дадени 254 милиони дози вакцини, односно 39 проценти од населението е вакцинирано.

Вакцинацијата не е ни започната во шест земји. Тоа се Танзанија, Чад, Бурунди, Еритреја, Северна Кореја и Хаити.