Меѓународниот Oлимписки Kомитет (ИОК) објави дека од 22 до 25 јуни 2023 година, во Сингапур ќе се одржат првите Олимписки игри посветени целосно на електронските игри. Ова ќе се вика Олимписка недела на еспортот. Ова е триумф за електронските спортови, кои стануваат се пораспространети во светот.
Од МОК го образложија и понатамошниот развој на овој настан.
„Минатата година одржавме виртуелен настан на „Е-Спорт“, на кој учествуваа 250 илјади луѓе од 100 различни земји во светот. Учесниците играа во повеќе спортски дисциплини. Ова ни послужи да ја создадеме оваа Олимпијада, каде што ќе се игра за златниот медал. Нема да има само игри, туку и едукативни сесии, емисии итн.“
„Развојот на првото издание на „Олимписката недела на спортови“ е големо достигнување, амбиција што ја имавме, како поддршка на виртуелните спортови, во рамките на олимпиското движење. Сметаме дека овој формат со вистинско учество на спортистите на еден ваков настан ќе биде добра можност за дополнително развивање на оваа спортска дисциплина,“ истакна претседателот на МОК, Томас Бах.