Бројките на новозаболени и на смртни случаи во САД и во Европа продолжуваат да паѓаат, бидејќи кампањите за вакцинација даваат резултати, па се укинуваат повеќе здравствени ограничувања.

Advertisements

Како показател за тоа што може да им претстои на земјите со напредни кампањи за вакцинација, Министерството за здравство на Израел соопшти дека сите ограничувања ќе бидат укинати од 1 јуни, доколку бидат одобрени од владата. Израел почна брза кампања за вакцинација во декември, што доведе до драматичен пад на инфекции, хоспитализации и смртни случаи од вирусот. Тоа им овозможи на властите повторно да отворат барови, ресторани и други места, но само за луѓето кои биле вакцинирани или се опоравиле од Ковид-19.

Прикажи повеќе