Изгледа дека бројот на нови случаи на Ковид-19 и хоспитализации во САД се намалува, додека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден сè уште верува дека за 100 дена може да ја постигне целта од 100 милиони вакцинации, соопшти денеска работната група на Белата куќа за коронавирусот.

Сепак, Рејчел Валенски, директорка на Центарот за контрола и превенција на болести, предупреди дека новите мутации на Ковид-19 што се појавуваат низ целата земја можат да го загрозат тој позитивен замав.

Ентони Фаучи, владин експерт за заразни болести, рече дека Американците треба да продолжат да ги следат упатствата за физичко растојание, додавајќи дека не е штетно ако луѓето сакаат да носат по две маски за дополнителна заштита. (МИА)