Српскиот напаѓач Лука Јовиќ е еден од играчите на Реал кој се согласи на намалување на платата.

Имено, Јовиќ се откажа од десет проценти од годишната плата од пет милиони евра, односно 500 000 евра, што му припаѓа според договорот со клубот од Мадрид за сезоната 2020/21.

Причината е финансиската криза што го погоди целиот спорт, како и Реал Мадрид.

“Разговараме со играчите за намалување на платата. Некои веќе се согласија. Станува збор за Лука Јовиќ и Мартин Одегард. Рамос го прифати намалувањето на приходите минатата година, а оваа сезона ситуацијата е поинаква”, изјави првиот човек на Реал, Флорентино Перез. .

Јовиќ не се докажа во Реал, па замина на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт, каде забележа 15 настапи и постигна четири погодоци.

Тој верува дека ќе се врати во Мадрид на крајот на сезоната.

“Го сакам Ајнтрахт и тој е посебен клуб за мене од секој поглед, но секој знае дека официјално сум играч на Реал. Ќе се вратам во Мадрид на крајот на сезоната”, изјави Јовиќ за Билд.

Тој пристигна во Реал во 2019 година, но благо речено, не се снајде најдобро и постигна само два гола, поради што замина на позајмица.

Тој рече дека не се сложувал во Реал затоа што не можел да се согласи со тренерот Зидан.

“Не би навлегувал во детали. Секако дека тој е феноменален тренер. Јас веќе му кажав на Зидан дека е искрен и феноменален човек. Имам подобра комуникација со сегашниот тренер затоа што двајцата зборуваме англиски. Не знам шпански“, додаде Јовиќ.