Во последната деценија, поточно во периодот 2010 – 2020 година, за азил во некоја од земјите на ЕУ и Швајцарија аплицирале 207,2 илјади албански граѓани, од нив околу 33 отсто малолетни лица. Во споредба со другите земји во регионот за истиот период, Албанија го држи рекордот по вкупен број апликации.
„Во текот на последната деценија регистрирани се многу високи бројки на албански граѓани баратели на азил во однос на населението во земјата. Азил вкупно побарале 207,2 илјади, во земјите на ЕУ и Швајцарија (не се вбројани оние кои азил побарале во Велика Британија). Највисока бројка е регистрирана во 2015 година, 67.000, следната година тој број е преполовен, за да во следните три години се движи од 20-24 илјади“, наведува весникот „Монитор“, повикувајќи се на извештај на Европската канцеларија за азиланти (EASO).