Компаниите ќе имаат опција да аплицираат и за финансиска помош за исплата на плати и за бескаматен кредит. Премиерот Зоран Заев најави дека во петтиот сет ќе ги има двете опции откако најголемиот дел од стопанството побараа мерката за исплата на плати да не се менува со бескаматен кредит. Ова го потврди и вицепремирот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи Економски магазин на Алсат која ќе се емитува вечерва.

– Advertisement –

„За да средствата станат неповратни мораа да исполнат одредени услови сега ќе бидат јасно пропишани а тоа е дека сите кои што ќе земат евентуално субвенција за плати како што ги викаат народски јас ги викам финансиска помош за плати, преку механизмот пад на приходи од 30 до 80 отсто и скалеста подршка секако тие ќе бидат наменети за плати таа помош ќе стане неповратна само ако на крај на годината покажат позитивни финансиски резултати поинаку ќе ги вратат“, рече Битиќи.

Според најавата на Битиќи моделот финансиска помош ќе остане ист односно ќе се дава од 14.500 до 21.700 денари, но ќе се менува начинот на субвенционирање. Ако претходно компаниите кои ќе ја завршеа годината со загуба не требаше да ги вратат земените пари од државата, сега нема да треба да ги враќаат парите оние компании кои годината ќе ја завршат со добивка со цел да се стимулираат компаниите да работат подобро. Втората опција на бескаматен кредит ќе биде со грејс период од 12 месеци со рок на отплата од три години и можност за грант од 10 до 30 проценти доколку работат со добивка.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе