Преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа почнаа денеска во Париз со поединечни средби меѓу шефот на израелската разузнавачка служба Мосад, Давид Барнеа и претставници на Катар, САД и Египет, изјави неименуван извор за светските агенции.

Изворот истакнал дека преговарачите се оптимисти дека ова ќе биде почеток на сериозни преговори за прекин на огнот во Појасот Газа.

Претставници на Хамас изјавија дека милитантната група ги завршила преговорите во Каиро и сега ги чека резултатите од разговорите во Париз.

Два египетски безбедносни извори потврдија дека шефот на разузнавањето на земјата, Абас Камел отишол во Париз на разговори со израелските власти.