ИМА неколку дефиниции и типови на интелигенција, но генерално се смета дека е способност што му овозможува добро да се движи во нови ситуации, да учи врз основа на сопственото искуство и брзо да ги решава проблемите. Астролозите веруваат дека хороскопот може да ја одреди и интелигенцијата на една личност, а овие четири знаци се сметаат за поинтелигентни од другите:
Водолија
Водолиите често се сметаат за генијалци, благодарение на нивниот владетел Уран. Оваа планета означува револуционерен и иновативен дух, па и интелигенцијата на овие луѓе е таква – насочена кон откривање нови начини и насоки. Не сакаат да се вклопуваат во кутијата и секогаш сакаат да ги поместуваат границите. Тие се креативни, имаат визионерски дух и се способни да го забележат она што другите не го гледаат или не можат да го разберат.
Скорпија
Овие луѓе се исклучително интелигентни и се свесни за тоа. Тие го забележуваат секој детал и брзо поврзуваат сè во една значајна целина. Тие имаат исклучителна способност да допрат до самата суштина на некоја тема или проблем. Тие се проникливи, остроумни и способни за одлично проценување на луѓето и ситуациите, па затоа е невозможно да ги измамите.
Близнаци
Ако треба да наведете знак кој најбрзо размислува, тоа секако се Близнаци. Имаат исклучителни ментални способности, а нивниот светли дух особено се забележува во социјалните ситуации, кога со неверојатна брзина исфрлаат духовити упади. Успешни се во решавањето на проблемите и брзо стекнуваат нови знаења, но им недостига волја и внимание целосно да се нурнат во некоја тема.
Девица
Иако се исклучително светли, тие често се губат во деталите и поради тоа можеби на другите не им изгледаат толку интелигентни. Имено, на Девиците им е тешко да извлечат заклучок доколку претходно не направиле темелна анализа, но за ваквото фокусирање на малите нешта им е потребно многу време и енергија, па затоа не ги решаваат проблемите толку брзо колку што можеле со оглед на нивниот ментален потенцијал.