Училиште што служело како заштита за околу 400 луѓе во украинскиот пристанишен град Мариупол е погодено од бомба, објавија градските власти на Телеграм.

Тие ги обвинија руските сили дека го извршиле нападот.

„Луѓе се уште се под урнатините“, се вели во соопштението. Се уште нема податоци за загинати или повредени.