Во Здравствениот дом во Македонски Брод денес се потроши целокупното количество на вакцини против Ковид-19 на британската компанија Астра Зенека и, утре се очекува во оваа здравствена установа да пристигне првата пратка на вакцини на кинески Синофарм, со која ќе продолжи вакцинацијата во овој град.

Директорот на Здравствениот дом Жарко Симески наведе дека во нивната установа досега се вакцинирани 200 пациенти, додека над 100 жители на Македонски Брод од образованието, здравствените работници и полицијата се имунизираа во главниот град.

Со денешниот ден целосно ги потрошивме залихите на вакцини против Ковид-19 на Астра Зенека.Од утре ќе продолжиме со вакцинација на нашето население со кинеската вакцина на Синофарм а, ќе се вакцинираат жителите до 60 годишна возраст. Мора да истакнам дека од сите досега вакцинирани граѓани на Македонски Брод, кај ниту еден не се појавија ни полесни компликации и тој тренд очекуваме да продолжи и со кинеските вакцини на Синофарм, истакна директорот Симески и, потсети дека во моментов во општина Македонски Брод нема регистрирано ниту еден позитивен случај со Ковид-19 ,ниту од ова место има згрижено пациент во ковид центрите во републикава.

Во Општина Пласница како што беше и навестено така и се реализира најавената вакцинација со кинеските вакцини на Синофарм во Охрид и во Битола.

Жителите на село Пласница својата најава ја исполнија и откако пристигнаа кинеските вакцини, претходно пријавените започнаа со имунизација.Оние пациенти кои се пријавија да се вакцинираат во Кичево, вакцината ја примија во Охрид, додека оние кои се пријавија за Македонски Брод се вакцинираа во Битола. Досега во оваа општина се вакцинирани од 40-50 жители а, според интересот нивниот број забрзано се зголемува.

Во Пласница во моментов се вакцинираат лицата до 60 годишна возраст а од наредната недела старосната граница ќе падне под оваа возраст, рече Емануела Белулоска, докторка во амбулантата во село Пласница.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.