Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот Димчо Атанасовски денеска објави два јавни повика за доставување на барања за доделување на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Македонска Каменица, за учебната 2024/2025 година.

Повиците имаат за цел да се обезбеди  финансиска поддршка на првачињата и учениците во прва година кои учат во основното училиште ,,Св Кирил и Методиј” и гимназијата ,,Миле Јаневски – Џингар.

По однос на првиот јавен повик за доставување на барање за доделување на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Македонска Каменица, за учебната 2024/2025 година, како што стои во објавата на општината, можат да аплицираат семејства со дете кое за прв пат е запишано во прво одделение во ООУ ,,Св.Кирил и Методиј” во Македонска Каменица.

-За остварување на правото, семејството  потребно е да се достави барање до Општина Македонска Каменица со следните документи во прилог: Потврда во оригинал за запишан ученик во прво одделение, издадена и заверена од ООУ,,Св.Кирил и Методиј,, Македонска Каменица; фотокопија на извод од матична книга на родени (за детето-прваче); Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа за еден од родителите/старателите, од кој се видни податоците за живеалиштето во Општина Македонска Каменица или Уверение за жителство не постаро од 6 месеци и Фотокопија од активна трансакциска сметка за истиот родител/старател, истакнаа од Општината.

Вториот јавен повик е наменет за  семејства со ученик запишан во прва година во Средното општинско училиште ,,Миле Јаневски Џингар” од Македонска Каменица. Истиот се однесува за ученици од прва година во гимназиско образование, текстилно-кожарска струка, геолошко-рударска и металуршка струка како и машинска струка, за кој до општината од апликантите треба да се достави барање за доделување на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Македонска Каменица за учебната 2024/2025 година.

-Јавниот повик не се однесува за оние ученици од машинска струка кои ќе остварат стипендија од Министерството за образование и наука. За остварување на правото, потребно е да се достави барање до Општина Македонска Каменица со Потврда во оригинал за запишан ученик во прва година и дека ученикот не е корисник на друга стипендија, издадена од СОУ ,,Миле Јаневски Џингар” Македонска Каменица; фотокопија на извод од матична книга на родените (за ученикот во прва година запишан во СОУ ,,Миле Јаневски Џингар,, Македонска Каменица);      Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа за еден од родителите/старателите и Фотокопија од активна трансакциска сметка за истиот родител/старател од кој е приложена копија од лична карта или патна исправа, се додава во објавата на Општината.

Семејствата на ученици од машинска струка кои ќе бидат одбиени за стипендија од МОН, можат да достават барање до Општина Македонска Каменица и по истекот на рокот.

Потребната документација  може да се достави до Архива на Општина Македонска Каменица (соба бр.1) или на е-адресата на Општина Македонска Каменица [email protected] во рок од 15 дена сметано од денот на објавувањето на Јавниот повик.

Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски јавните повици ги објавува врз основа на Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица и Правилникот за доделување на еднократна парична помош на семејства со ученик запишан во прво одделение во ООУ ,,Св Кирил и Методиј” и доделување на еднократна парична помош за семејства со ученик во прва година во СОУ,, Миле Јаневски Џингар,, Македонска Каменица.