Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски ги објави конечните резултати од одржаниот попис. Според резултатите, во Македонија живеат 1.836.713 лица. Од нив, 58, 44 се изјасниле како Македонци, 24,3 проценти како Албанци, 3,86 како Турци, 2,53 како Роми, како Срби се изјасниле 1,3 проценти од попишаните, како Бошњаци 0, 87 и како Власи се изјасниле 0,47 проценти. Според овие проценти, во Македонија под други националности има 8,23.

Вкупно попишано население, значи со дијаспората, има 2 097 319 лица. Од нив, 54,21 се Македонци, 29,52 Албанци, 3,98 Турци, 2,34 Роми, 1,18 Срби, 0,87 Бошњаци и 0,44 Власи.