Во Италија во изминатите 24 часа од коронавирус починаа 361 пациент, соопшти италијанското министерство за здравство.

Ова се смета за пад во однос на претходните денови кога бројот на смртни случаи изнесуваше 483, пренесе Ројтерс.

Од коронавирус во Италија вкупно починаа 78.755 лица.

Во претходните 24 часа од ковид-19 се заразени 18.627 лица, наведува Министерството.

Тоа е пад во однос на претходните денови кога бројот на новозаразени изнесуваше 19.978.

Вкупниот број на заразени од ковид во Италија е 2,276 милиони луѓе.

Бројот на пациенти во болниците е зголемен во однос на претходниот ден за 167 и изнесува 23.427.

На одделенијата за интензивна нега се примени 183 пациенти.

Вкупниот број на пациенти на интензивна нега моментално изнесува 2.615.