Федералниот апелационен суд ја потврди пресудата на Стив Бано поранешен главен советник на Доналд Трамп

Федералниот апелационен суд во Соединетите Држави ја потврди пресудата на Стив Банон, поранешен главен советник на Доналд Трамп, за неисполнување на поканата на Конгресната комисија која го истражуваше упадот во Капитол на 6 јануари 2021 година, објавија денеска Асошиетед прес.

Банон беше осуден на четири месеци затвор во 2022 година по две точки од обвинението за непочитување на Конгресот затоа што одби да предаде документи или да сведочи пред комисијата на Претставничкиот дом што го истражуваше упадот во Капитол. Но, не му беше одреден притвор додека траеше жалбата.

Стив Банон е клучна фигура на американската десница. Тој во Апелација тврдеше дека во текот на судењето не му било дозволено да ги изнесе клучните аргументи во своја одбрана и дека неговиот адвокат му рекол дека не мора да го исполни барањето во поканата што му била испратена.