Отворање на платформата пријавување за вакцинација на децата од 12 до 15 години, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во разговор со граѓаните од областа Месинија, за време на неговата денешна посета, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис истакна дека Владата ги следи препораките на надлежната Комисија од Министерството за здравство на Грција, појасни дека одлуката е на родителите, а вакцинацијата на децата никогаш нема да биде задолжителна.

Доброволната вакцинација на децата во Грција веќе е започната, а се однесува на оние од 15 до 17 години.