Во градот Цетиње во Црна Гора попладнево се случи масакр. 34-годишно лице уби 11 лица, меѓу кои наводно и деца, пред полицијата да го убие и него.

Advertisements

Според извештаите на црногорските и српските медиуми, сè започнало со семејна расправија, по што напаѓачот првин отворил оган кон своите дома, а потоа излегол надвор и почнал да пука во секого што ќе го сретнел. Кога дошле полицајци, тој пукал и кон нив, при што бил убиен.
Клиничкиот центар во Цетиње се донесени најмалку 10 ранети лица.

Прикажи повеќе