Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 126 и има околу
500 празни болнички кревети во ковид центрите.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има 2 хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 51 лице сомнително и потврдено за Ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало еден примен пациенти и еден нови заболен
е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.