Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 701 и има околу 1000 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 412 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 45 пациент позитивен и суспектен на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 10 пациенти, во Велес се лекуваат 51 болен, а во Куманово 58 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 32, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 41 пациент, во Кочани 14 во Кичево 8, Кавадарци 23, а во Гевгелија 5 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 289 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 10 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 примени пациенти и 11 билe примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 63 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 86 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежи 91 пациент, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 5 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација нема пациенти.

Вкупно 289 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.