Најмалку 15 луѓе загинале кога се превртел патнички автобус во западниот дел на Турција рано изутринава, пренесуваат турските медиуми. Во несреќата повредени се 17 луѓе, соопштија службите за итна помош. Повредените веднаш биле пренесени во блиските болници.
Властите соопштија дека 11 луѓе загинале на лице место, а останатите починале во болница.
Автобусот излегол од контрола и се превртел на автопат додека патувал кон Едремит во западната провинција Балакесир. Во тек е истрага за причините за несреќата.