Во Корнвол во Англија почна изградбата на најдлабокиот базен во светот, проект вреден 150 милиони фунти.

Базенот наречен „Син амбис“ (Blue Abyss), што го гради истоимената британска компанија, ќе биде длабок 50 метри. Со повеќе од 42.000 кубни метри вода (17 олимписки базени), тоа ќе биде најдлабокиот затворен базен во светот.

Базенот, што ќе биде изграден близу аеродромот во Њукеј, нема да биде отворен за јавноста, туку ќе се користи за истражување, како центар за тестирање и обука на вработените во индустријата за енергетика, море, одбрана и истражување на вселената.

„Сината бездна“ се очекува да биде изграден за 18 месеци и треба да биде отворена во вториот квартал на 2023 година.

Базенот ќе отвори 160 работни места, а ќе креира 50 милиони фунти приходи за Корнвол за време на изградбата и 8 милиони фунти годишно за локалната економија.

Проектот има поддршка од британскиот астронаут Тим ​​Пик, првиот британски астронаут кој помина шест месеци на Меѓународната вселенска станица.

Базенот ќе служи и како прв комерцијален центар за обука на астронаути во светот, но исто така ќе се користи за истражувачки проекти од областа на енергетиката, одбраната, океанската екологија и науката.

Дури и филмските екипи ќе можат да го изнајмат за снимање на подводни сцени, што значи дека познатите sвезди почесто ќе го посетуваат Корнвол, пренесува „Daily Mail“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.