ВМРО-ДПМНЕ со коментар за одлуката на Апелациониот суд за пуштањето од притвор на Сашо Мијалков со прифаќање на гаранција од 11 милиони евра.

-Во услови кога државава е 111-то место на скалата за корупција и најкорумпирана во Европа, кога се прават списоци за помилување по партиска желба на власта и кога власта со истите свои инсталации во судството не реагира за ниту една афера и криминал, евтин е театарот којшто денес го изведува Маричиќ и СДСМ, партија која ја раководат корумпирани политичари и е во нераскинлива врска со криминалот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.